Кога Борис Трајковски го избркал Хавиер Солана: Ене ти ја вратата, излези! (ВИДЕО)

Денеска Македонија одбележува 15 години од трагичната смрт на македонскиот претседател Борис Трајковски во авионската несреќа во близина на Мостар, БиХ, во која се урна претседателскиот авион.

Трајковски за многумина е омилениот македонски претседател, а тоа во најголем дел веројатно се должи на неговите ставови, заложби и лидерство, но и дигнитетот со кој ги демонстрираше во тие посебно тешки години за земјава.

Покрај неговата легендарна порака до Западот и меѓународната заедница околу бегалците, показател за горенаведеното е и уште еден, помалку познат настан, а кој го обелодени актуелниот министер за надворешни Никола Димитров при едно гостување во „Еден на еден“. Се работи за тензичниот момент од преговорите во 2001 година со тогашниот висок претставник на ЕУ – Хавиер Солана, кога претседателот Борис Трајковски буквално му ја покажал вратата и му порачал да си оди. Димитров подобро ќе ви раскаже:

https://www.facebook.com/EdenNaEden/videos/10156068740693679/

виа Република

- Реклама -