Кога Apple iOS 7 би изгледал вака (видео)

Фредерико Бјанко направи концептуално видео кое прикажува какви функции би можел да има наредниот iOS на Apple.

Бјанко прикажува бројни функции кои драстично би го смениле изгледот на iOS и кои би донеле бројни унапредувања во оперативниот систем.

Apple традиционално го открива најновиот iOS на својата конференција за девелопери секое лето, меѓутоа, блогерот Џон Грубер, неодамна откри гласини дека развојот на iOS 7 доцни и дека компанијата е принудена да ги повлекува своите инженери од други проекти за оперативниот систем да биде завршен на време.

 

- Реклама -