Ви текнува на едно време кога се мечтаеше за љубов, а не за пари и Ајфони? Ако не, не ве обвинуваме, ама имаме еден 7-годишник што ќе ве потсети. Си направил момакот план за освојување на симпатијата, и тоа во 12 чекори. Еве како:
1 чекор: Биди добар.
2. Бомбониера
3. Биди забавен
4. Цвеќе
5. Дај ѝ комплимент
6. Дај ѝ простор
7. Дај ѝ време
8. Биди внимателен
9. Гушкање
10. Љубов (со доцртано насмеано срценце)
11. Дај ѝ приватност
12. Чувај ја
Дел од точкиве не би им текнале ни на некои возрасни. Му посакуваме да порасне и да си најде некое „старомодно“ девојче со ист ваков список за тоа како го замислува совршениот маж.