Кофеинските зависници гледаат духови

Повеќе... Според најновите истражувања оние што пијат повеќе од три кафиња во денот се повеќе склони кон тоа да гледаат духови и да халуцинацираат (и да гледаат на кафе:)).

coffeemayer.jpgСпоред најновите истражувања оние што пијат повеќе од три кафиња во денот сеповеќе склони кон тоа да гледаат духови и да халуцинацираат (и дагледаат на кафе:)).

Според истражувачите од Durham универзитетот, кои го направија истражувањето, се она што го зголемува внесувањето на кафеин може да има таков ефект: кафето,чајот, енергетски пијалоци, дури и чоколадото.

200 студенти биле испитани во истражувањето и се покажало дека оние што внесуваат најголемо количество на кофеин во денот слушаат гласови, гледаат работи што не постојат во реалноста и имаат силно чувство дека се во присуство на духови.

Според истражувачите, халуцинациите не се неопходно знак на некое ментална болест. Повеќето луѓе веројатно е да имаат краткотрајни епизоди кога им се чини дека слушаат гласови и околу 3 % од луѓето редовно слушаат такви гласови.Според нив, кога телото е под стрес, во него се ослободува хормонот наречен кортизол. Овој хормон се лачи уште повеќе кај луѓето кои конзумирале кафеин. Ова зголемено ослободување на кортизолот под овие околности може да предизвика халуцинации.

Па, следниот пат кога мислите дека гледате духови или слушате гласови во главата, можеби треба да намалите малку со кофеинот. [High caffeine intake linked to hallucination proneness]

- Реклама -