Коен: Има две до три недели пред да се зголеми притисокот врз Израел

Шефот на израелската дипломатија Ели Коен денеска изјави дека дипломатскиот притисок врз Израел во моментот не е посебно висок, но оти ќе почне да се зголемува.

Тој истакна дека на средбите неговите колеги дипломати ги потенцирале хуманитарните и побарале од Израел прекин на огнот. Коен истакна дека тие тоа не го спомнале јавно.

Според Коен за „дипломатскиот прозорец“ ќе има околу две или три недели додека почне сериозно да се зголемува меѓународниот притисок.

Тој потенцира дека прашањето за околу 240 заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа е „централно средство“ што му дава легитимитет на Израел да продолжи да се бори и дека „светот прифаќа дека Израел нема да запре додека не се ослободат заробениците“.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

МИА

- Реклама -