Постои некоја тајна врска помеѓу животните и луѓето.Секој човек обично има некое омилено животно.
На основа на тоа кое животно најмногу го сака , може да се заклучи по нешто за личноста.
Во тој контекст еве еден тест. Најпрво изберете животно од наведените, а потоа прочитајте го вашиот опис.
Кит
Був
Мачка
Куче
Делфин
Лисица
Волк
Лав
Тигар
Слон
….
КИТ – Самокритичен сте, но тоа не значи дека не знаете и да се забавувате во животот. Друштвени сте, но се плашите дека ќе се изолирате од сите, ако вашите погледи не се прифатени.
БУВ – Многу сте интелигентни, но и многу чувствителни. На животот гледате прагматично, а вашиот перфекционизам ве води кон успех.
МАЧКА – Паметни сте и им се допаѓате на луѓето, но и малку повлечени. Имате огромни идеали, сакате да патувате и да истражувате разни нешта. Немате баш трпеливост за нечии идеи.
КУЧЕ – Лојални сте им на луѓето кои што ги сакате и интуицијата ретко кога ве измамила. Понекогаш можеби делува грубо, но во вас имате „златно срце“ кое сака да си игра.
ДЕЛФИН – Имате афинитет кон се што е убаво и пружа задоволство, а воедно и никој нема попрефинет вкус од вашиот. Интелигентни сте и сакате да се дружите па можете да сенаслоните на различни типови на луѓе. На некој начин сте „срцекршач“.
ЛИСИЦА- Никој не би можел да ве обвини дека не се грижите за себе. Независни сте и паметни, што ви дава неверојатно „кул имиџ“. Вие сте страствени и упорни со цел да добиете она што го сакате.
ВОЛК- Вие сте вистински „благородник“ и сакате високи стандарди. Ориентирани сте кон себеси, сигурни и задачите ги извршувате со одредена сила и решителност.
ЛАВ- Вие сте во центарот на вниманието каде и да се појавите, и луѓето ги привлекувате со своето однесување. Сте си поставиле високи цели, и знаете како да го искористите поголемиот дел од својот потенцијал и да ги достигнете истите.
ТИГАР- Во суштина вие сте пионер во сè што правите и непогрешливо сте бестрашни. Некои ќе помислат дека сте агресивни и не знаете што значи „извини“, но вие всушност само сакате да бидете директни.
СЛОН- Вие сте трезвени и имате неверојатна сила што ве држи смирени и кога сте во криза. Ќе направите сè за да ги заштите оние кои ги сакате.