КОД дојде до информација дека дел од парите се најдени во сеф во домот на Бојан Јовановски. Според спецификацијата која претходно е направена врз банкнотите е утврдено дека тие се парите од првите пола милион евра која ги дала сопругата на на Камчев додека тој се уште бил во притвор. Пари има и во телефонот на Боки 13 ка. Тој е авторот на фотографија на која е сликан ликот на специјалната обвинителка со 50 илади евра кај неа.
А токму во обвинението таа се товари дека наградата која ја земала се педесет илјади евра и софа набавена од Зона мебел вредна околу 5 илјади евра. КОД дознава дека еден од осомничените во сведочењето тврдел дека дел од парите Јанева навистина ги земала, и обвинителството трага и по друга потврда.
Кај Бојан Јовановски при претресите се пронајдени други вредни предмети. Најмногу облека обувки и накити од повеќе познати дизајнери. Невработен е а сметките му се блокирани, но Боки 13 носел облека со потпис на 40 тина модни дизајнери меѓу кои Диор, Прада, Версаче, Роберто Кавали, Пјер Карден. Накитот кој е запленет е исто така скап од 10 тина брендови. Обвинителството запленило и 13 уметнички слики од кои 4 на Лазар Личеноски, 3 на Мартиноски, и по една од Вангел Ковошач, Димитар Пандилов Аврамовски, Камилов, Ванчо Јаков, Мерсад Бербер и една чиј автор е непознат. Луксузните ресорти во кои одел со парите од Рекетот се Еспланаде во загреб и хотелот данаи бич ресорт во грција.
Целиот текст на Телма