Клубот за бугарско-македонско пријателство во одбрана на Катерина Колозова

Софија, 6 јули 2022 (МИА) – Членовите на Клубот за бугарско-македонско пријателство излегоа со став дека со загриженост ги следат настаните од последните денови во Северна Македонија.

Во посебен став до кој имаше пристап дописникот на МИА од Софија, се вели дека меѓу членовите на Клубот, како и меѓу двете здруженија и двата народа, има различни мислења за предлогот на Европската унија до Софија и Скопје, кој и во двете земји стана познат како „француски“ предлог, во врска со укинувањето на бугарското вето и почетокот на преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија.

„Водечките принципи за бугарско-македонскиот Клуб за пријателство остануваат европски вредности, како и посветеност на Договорот за добрососедство меѓу Софија и Скопје за пријателство и соработка од 2017 година“, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Муртезани: Уставни измени ќе има кога ќе се знае крајот на процесот

Сепак, според нив, недозволиво е мислењето на нивните членови во јавниот простор и социјалните мрежи да бидат предмет на говор на омраза, како што е случајот со нивната членка, македонската филозофка Катерина Колозова, за која „во последните денови имаше повици за самоубиство, па дури и за убиство“.

Клубот ги осудува овие постапки и стоиме зад правото на изразување на нивниот член, граѓански активист и научник со меѓународна слава.

„Водени од идејата за взаемна чест и почит меѓу бугарскиот и македонскиот народ, Клубот за македонско-бугарско пријателство ќе продолжи да ги поддржува искрените напори на двете влади, како и на оние сили во нашите општества кои се борат да ги поддржат европските вредности и Договорот за пријателство“, додаваат од Клубот.

- Реклама -