Клоп веќе го знае противникот во осмина-финалето

По синоќешниот натпревар на Енфилд против Спартак Москва, Јирген Клоп изјави за БТ Спорт „Никој не можеше ни да замисли дека вечерва вака ќе заврши. За двете екипи ова беше натпревар на се или ништо. Спартак е навистина многу добра екипа, знам дека сега никој не мисли така, но тешко е да се игра против нив“.

Инаку вчера Ливерпул, како на Сони Плеј Стејшн со 7-0 го прекази противникот кој имаше минимални шанси да се провлече до следната фаза.

„Совршено го започнавме натпреварот, па откако рано поведовме и ја наметнавме нашата игра веќе не моравме да се браниме. Ова беше навистина убава вечер на „Енфилд“. Секогаш е добро да се постигнат еден или два рани погодоци. На полувремето им реков на играчите дека мораме да им покажеме на сите дека сме научиле од своите грешки и дека мораме да продолжиме понатаму. Немам за што да се пожалам вечерва, се беше одлично. Малку го променивме составот, а дечките беа одлични. Одбраната беше на место, тоа особено ми се допадна“

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

„Не сум загрижен кој противник ќе го добиеме. Мене жрепката секогаш ме спојува со Реал Мадрид, ќе видиме дали ќе биде и сега така. Веројатно ќе играме против нив. Немаме некои фаворити, ќе биде убаво по подолго време да играме во осминафиналето од ЛШ“, изјави Клоп.

7-те гола на Ливеропул од вчера

- Реклама -