Клинчаров: Имаме добар состав, проблем е малата минутажа на дел од репрезентавиците во клубовите

Македонскиот поранешен ракометар и тренер, Марин Клинчаров ја анализира македонската репрезентација пред настапот на ЕУРО 2020 за дриблинг.мк

Клинчаров смета дека имаме комбиниран тим, состав кој има капацитет за добри резултати, но и проблем, малата минутажа на дел од репрезентативците во своите клубови.

Со оглед на групите, несомнено е дека имавме среќа и добра ждрепка. Иако секоја репрезентација која обезбедила пласман на ЕП не може и не смее да се отпише или да се пристапи во дуелите со потценувачки фактор, сепак противници од типот на Украина, Австрија и нашиот добар познаник Чешка се далеку подобри противници од Хрватска, Данска, Шпанија, Исланд, Норвешка, Германија, Франција или Унгарија…

Од друга страна изгледот на нашата репрезентација е драстично сменет во последните години и сега имаме еден поинаков ростер и многу нови лица кои допрва треба да покажат дали се репрезентативен квалитет или не. За тоа е и потврда и изјавата на селекторот Брестовац дека сега се гради и создава една нова генерација, еден нов тим за следните 10 години….

Во овој контекст повторно мислам дека во прилог на овие нови момци, Талевски. Кузмановски, (како предводници на тој нов бран), Велковски, Танковски, Крстевски, Мишевски…надополнети со оние поискусните и веќе докажани наши репрезентативци на европско ниво, Лазаров, Ристовски, Стоилов, Манасков, Георгиевски, им оди и овој состав на оваа наша група која им дава можност и шанса за докажување и надигрување!

Дополнително, ќе треба да се види и начинот на кој ќе се формира екипата и напаѓачки и одбрандбено! Во овој контекст повторно ќе се надоврзам на една изјава/размислување на селекторот, каде Талевски и Кузмановски нема односно не треба да бидат истовремено на терен како и до сега, прво заради тенкиот ростер и ротација, но и заради подобриот проток на топка бидејќи ни треба класичен разигрувач/плејмејкер.

Од таа причина ќе треба да се види колку Танкоски во една варијанта, како најискусен од изборот, но и Крстевски и Мишевски како играчи со интернационално искуство ќе се снајдат во улогата на плејмејкер, играч разигрувач на нашите два бека Талевски/Кузмановски и Лазаров/Велковски.

Исто така од така поставен напад, ќе треба да се формира одбрана во која пак со повредата на Велко Марковски кој беше единствениот класичен одбрандбен играч, и во кој имаме повеќе играчи кои се само напаѓачки ориентирани, (Лазаров, пивотите Пешевски и Стоилов, иако Столе може да покрие позиција 2 во одбраната, во оваа ситуација ќе мора да трча во двата правци), повторно најголемиот товар посебно на средината на 3 и 4 ќе треба да падне врз Талевски и Кузмановски, евентуално Крстевски, под претпоставка дека Стоилов и Никола Марковски ќе ги покриваат позициите 2 и 5 во одбраната, и евентуално Бојан Маџовски кога би бил во игра место Манасков (своето место во репрезентацијата го заработи со одличните настапи за Еурофарм, но пред се заради тоа што може да одговори и одбрандбено, што за нашава репрезентација во овој момент е послабата страна!

Целиот текст тука

- Реклама -