Климатските промени ќе го зголемат времетраењето на прекуатлантските летови

shutterstock_72985987[1]

Можно е времетраењето на летовите од Европа до САД да се зголеми, поради климатските промени, пишува BBC News. Постои веројатност глобалното затоплување да ги забрза воздушните струи, намалувајќи ја брзината на авионите кои се движат кон САД. Летовите на исток од САД ќе бидат побрзи, но патувањата во двете насоки „значително ќе се пролонгираат”. Тим научници од Универзитетот во Рединг, Англија, сметаат дека промените ќе доведат до зголемување и на штетните емисии, потрошувачката на гориво, а потенцијално и на цените на билетите.

Воздушните струи на голема височина, кои всушност претставуваат моќни ветрови кои ги придвижуваат климатските системи околу земјината топка, одамна се интерес на авионските компании. Тие се обидуваат да профитираат од најбрзите такви струи, особено од оние над Атлантикот кои се движат од запад кон исток, со цел да го намалат времето на патување меѓу Европа и Северна Америка. Ова е една од најпрометните авионски рути, со приближно 600 летови секој ден.

Истражувањата покажуваат дека климатските промени веројатно ќе ги зголемат турбуленциите при трансатлантските летови. Во рамките на новата студија, научниците направија експеримент во кој ги анализираа промените на ветровите при двојно зголемување на јаглеродниот диоксид во атмосферата. Резултатите се запишани во алгоритми, кои авиопревозниците ги користат за да ги планираат трансатлантските летови.

Се очекува ветровите меѓу Њујорк и Лондон да станат за 15 проценти побрзи. Летовите од Лондон најверојатно ќе траат над седум часа, додека летовите од Њујорк ќе станат пократки, и понатаму со минимална граница од 5 часа и 20 минути. Во суштина, времето на летање ќе се промени за само неколку минути во секоја од насоките, но вкупниот ефект ќе биде „значителен“, истакнуваат научниците.

- Реклама -