Кличко: Во Киев загинаа 264 цивили

Vitali Klitschko (2-R) the Mayor of Kyiv, arrives at the scene of a building hit by Russian missiles in Kyiv (Kiev), Ukraine, 20 March 2022. EPA-EFE/ATEF SAFADI

Киев, 23 март 2022 (МИА) – За време на руската инвазија врз Украина во главниот град Киев загинаа 264 цивили, меѓу кои и деца, изјави денеска градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Тој истакна дека борбите се водат во Лиутиж, село на 30 километри од Киев, и дека украинската армија ја вратила контролата врз областите северозападно и североисточно од главиот град, вклучувајќи го и поголемиот дел од Ирпин.

„Украина ја врати контролата врз западниот град Макариов“, тврди киевскиот градоначалник.

Кличко разговараше со новинарите во Киев на отворено, додека зад него се слушаа експлозии и истрели.

- Реклама -