Кличко во интервју за Канал 5: Реална е опасноста од Трета светска војна

„Оваа војна мора да биде запрена. Ако не биде запрена во Украина, тогаш таа ќе се прошири понатаму. Не смее да се заборави дека оваа војна може да предизвика и Трета светска војна“, ова го изјави, во ексклузивно интервју за ТВ Канал 5, Владимир Кличко – еден од челниците на Украинските територијални одбранбени сили и брат на градоначалникот на Киев – Виталиј Кличко.

„Руската агресија и инвазија врз Украина продолжува и влегува во интензивна фаза на активности и борби на југот и истокот на земјата, како и во регионот Донбас. Исто така борби има и во Мариупол. Сè уште се чека на коридор за цивилите и повредените да го напуштат градот, но тоа сè уште е под знак прашалник дали ќе се случи. Причината е што досега повеќепати ништо не беше сигурно што доаѓа од руската страна“, потенцираше Кличко.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Тој смета и дека по завршувањето на војната со нивна победа, Украина ќе се трансформира во една од водечките земји во Европа.

„Од географски аспект ние сме најголема европска земја, со многу природни ресурси. Порта кон светот преку Црното море. Повеќе од сигурен сум дека сѐ има почеток и крај и така и оваа војна ќе дојде до својот крај со наша победа и со одбрана на нашиот територијален интегритет и без друга војска на нашата територија, посебно без ‘руска чизма’“, заклучи Кличко.

МИА

- Реклама -