Кличко: Не е можна евакуација од Киев, опколени сме

Фото: Асошиејтед прес

Киев, 27 февруари 2022 (МИА) – Евакуацијата на цивилите од Киев сега не е возможна. Главниот град на Украина е опколен, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Не можеме да евакуираме цивили, бидејќи сите патишта се блокирани. Моментално сме опколени. Само што разговарав со претседателот Зеленски. Никој не се чувствува добро, изјави Кличко за американски медиуми.

Кличко призна дека властите во главниот град не успеваат целосно да ги контролираат вооружените доброволци во единиците за територијална одбрана.

„Да бидам искрен, немаме стопроцентна контрола над вооружените единици на доброволци“, рече Кличко, нагласувајќи дека Киев е на раб на хуманитарна катастрофа.

„Засега во нашите домови имаме струја, вода и парно. Но, инфраструктурата за дистрибуција на храна и лекови е уништена“.

Прочитајте и:  Трамп му се јавил на Путин, разговарале за брзо решавање на војната во Украина
- Реклама -