Кличко: Киев може да остане без греење сѐ до пролет

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, не ја исклучува можноста, во случај на руско гранатирање на инфраструктурата на главниот град во текот на зимата, водата да мора да се испушти од системот за греење, а до пролет ќе биде тешко да се врати.

„Во ситуација кога нема греење и вода во рок од 24 часа на надворешна температура од минус пет, ќе мораме да ги испразниме системите за греење во Киев, бидејќи тоа може да доведе до дополнително оштетување на системот. Ќе бидеме принудени да ја исклучиме водата, а до почетокот на пролетта ќе имаме тешки предизвици“, изјави Кличко на Киевскиот безбедносен форум, пренесе украинска „Правда“.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

Киевскиот градоначалник истакна дека „за многу краток временски период температурата во становите може да не се разликува многу од надворешната температура“, а дека постои и ризик од уништување на системот за снабдување со електрична енергија во целиот град.

Тој ги повика жителите да бидат подготвени за различни сценарија и да подготват резервен план.

„Секој жител на Киев би го замолил да разговара со роднини, познаници. Доколку некој од нив некаде има куќа, а во неа да има парно и вода, во случај на критична ситуација да отиде таму, бидејќи тоа се двете клучни компоненти за нормален живот“, вели Кличко.

МИА

- Реклама -