Еден од најважните совети за оваа фризура е да не ја правите пред огледалото- токму тоа може повеќе да ве збуни.
Да си сплетете самите на себе француска плетенка звучи мноу тешко бидејќи истата изгледа комплицирано. Сепак, тоа не е тешка задача.
1. Исчешлајте ја косата наназад, што подалеку од челото, преку рамениците така што сите влакна да бидат на едно место.
2. На врвот на средината од главата, земете голем прамен од косата, заврзете го со тенко ластиче и раздвојте го на три еднакви прамени, како да плетете обична плетенка. Потоа, започнете неколку потези на обична плетенка.
3. Продолжите да пленете, но на секој потег додавајте нов прамен што слободно виси од секоја страна и „вградете“ го во плетеното.
4. Како што плетете по должина и додавате нови прамени, количната на слободна коса се намалува. Кога ќе стигнете до крајот и немате веќе прамени од страна, продолжете да плетете стандардна плетенка.
Целиот процес погледнете го во видеото: