Од масивни ѓердани до прекрасни детали за невести , рачно изработени обетки и прстени , колани и детали за фустани .
Младата дизајнерка на модни додатоци вистинското задоволство веќе две години го го наоѓа во создавањето на своето уникатно царство, изработувајки накит. Вели дека во изработката на овие детали го пронаоѓа својот мир и најмногу се радува кога случајно на улица ќе здогледа некоја девојка која носи нејзина изработка.
Кога станува збор за трендовите, Кристина ни кажува дека секое парче накит е поврзано со приказната и стилот на оној за кого што е изработено. Иако накитот е изработен во согласност со светскитете модни трендови, секако крајниот производ е со уникатен печат на КК Аксесорис дизајн. Таа потенцира : ,,Го создавам само оној накит кој јас самата би го носела.“
Во моментов работи на есенската колекција , накитот е изработен претежно од бисер во боја , камења во боја и монисти .
Инспирацијата ја наоѓа во секојдневието и во насмевката на својата ќерка. Магијата на овој рачно изработен накит ќе ве натера да се заљубите во неговата уникатност и во сите трпеливо изработени парчиња.
Посветува огромно внимание на ситните детали бидеќи токму тие мали моменти Ве издвојуваат од другите .
„Носете се што ви се допаѓа и прави да се чуствувате убаво , зачинете го својот изглед со уникатно парче накит и бидете забележани“ додава Кристина.