Ќе има спектакл во Париз, Надал против Ѓоковиќ по 60-ти пат


Рафаел Надал се пласираше во второто коло на Олимписките игри во Париз, попладнево го совлада Мартон Фучович и закажа епски дуел против Новак Ѓоковиќ.

По многу дилеми и неизвесност, Рафаел Надал реши да настапи во сингл конкуренција на тенискиот турнир во Париз и попладнево по голема борба го совлада Мартон Фучович од Унгарија со 2-1 во сетови (6-1, 4-6, 6-4).

И покрај тоа што убедливо го доби првиот сет, Шпанецот имаше проблеми во играта во вториот сет и дозволи израмнување.

Третиот решавачки сет траеше еден час, Рафаел Надал направи брејк за предност од 3-2 и потоа умешно го бранеше својот сервис за победа и пласман во второто коло, каде го чека епски дуел.

Љубителите на тенисот ќе имаат прилика по 60-ти пат да уживаат во пресметка на Рафаел Надал против Новак Ѓоковиќ, едни од најголемите тенисери во историјата.

- Реклама -