Ќе биде спектакл: Распродадени билетите за дербито меѓу Вардар и Пелистер

Од таборот на „црвено-црните“ потврдија дека интересот за пресметката е огромен, па се очекува вистинска ракометна атмосфера. Дополнителен шмек на дербито ќе му даде и присуството на гостинските навивачи. „Чкембари“ најавија пристигнување од Битола за да му дадат поддршка на својот тим.

3
Ќе биде спектакл: Распродадени билетите за дербито меѓу Вардар и Пелистер
Фото: МКД.мк

Вардар и неговите навивачи подготвуваат и заедничка кореографија низ целата сала. Поради тоа, клубот ги повика гледачите да пристигнат најмалку 15 минути пред почетокот и да не ги поместуваат реквизитите поставени на нивните седишта сè додека не добијат знак од организаторите.

Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер е закажано за утре со почеток во 17:45 часот.