Кишида и министрите јадеа риба, свинско и ориз од Фукушима за да докажат дека се безбедни: „Многу вкусно“ (ВИДЕО)

Јапонската Влада објави видео од премиерот Фуми Кишида како јаде риба од Фукушима, на промоцијата на производи од областа околу нуклеарната централа која во океанот почна да испушта прочистена вода од реакторот.

Во видеото на социјалните мрежи, Кишида и тројцата министри јадат риба лист, свинско месо, ориз, зеленчук и овошје од Фукушима.

„Многу вкусно“, рече Кишида пред камерата откако јадеше сашими и ги повика луѓето да ја јадат „безбедната и вкусна“ јапонска морска храна.

Јапонија минатата недела почна во океанот да испушта прочистена вода од централата Фукушима, уништена во цунамито во 2011 година.

- Реклама -