Кирјос: Настапот на Австралијан опен е 95 отсто стрес!

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос во 2022 година имаше 37 победи и 10 порази, а играше и финале на Вимблдон, а сега е на одмор пред почетокот на новите предизвици.

Кирјос вели дека е исцрпен и смета дека со поголем број на победи се добиваат и повеќе обврски, а имаше коментар и за Австралијан опен.

„Колку повеќе победувате, толку повеќе луѓето очекуваат од вас. Се подготвувам за следните предизвици, имаме три недели за да влезам во форма. Австралијан опен, според мене, е 95 отсто стрес и само пет проценти возбудување“, кажа Кирјос.

Турнирот во Мелбурн ќе почне на 16 јануари идната година.

- Реклама -