Ако сте одлучиле да вежбате во теретана, тоа е ОК, но не е доволно. Јогата е исто така супер, но не е доволна, возењето велосипед е исто во ред, но и тоа не е доволно… Најдобри се разновидни вежби од сите три групи, а токму тоа го овозможува кинезис справата.
Ако сте одлучиле да вежбате во теретана, тоа е ОК, но не е доволно. Јогата е исто така супер, но не е доволна, возењето велосипед е исто во ред, но и тоа не е доволно… Најдобри се разновидни вежби од сите три групи, а токму тоа го овозможува кинезис справата.
Станува збор за најнови справи за вежбање, кинезис, кои штотуку се појавија и кај нас, а на кои вежбаат многу славни личности, од претседателот на Италија до холивудските глумици. Оваа справа може да ви помогне брзо да дојдете до посакуваната линија.
Кинезисот ве враќа кон корените на човековото движење, ослободувајќи ве за повторно да се откријат основни физички способности: издржливост, баланс, сила и флексибилност. На која физичка активност и да помислите истата можете да ја најдете во една од трите групи на вежби. Во првата група спаѓаат вежби за мускулна флексибилност како пилатесот и јогата. Втората група ја сочинуваат кардио вежби како на пример трчањето, а во третата се вбројуваат вежби за мускулна издржливост, вежби кои се работат со оптеретување.
Како изгледаат справите? Станува збор за кутии кои се поставуваат во ѕидот а во кои се наоѓаат растегливи сајли. Додека вежбате ги влечете сајлите, имате слободни движења и оптеретување кое на вам ви одговара. Од справите може да одите напред и до три метри, константно давате отпор, а можноса за повреда е минимална. Ако вежбате на кинезис справата, начинот на вежбање зависи исклучиво од вашата креативност. Можете да ги правите сите три облици на физичка активност: кардио тренинг со помош на специјалните појаси за трчање, може да работите пилатес и јога, и секако вежбите за мускулна сила и издржливост. Всушност, можете да правите скоро 500 вежби, само треба да одлучите кои. Ефектите се веднаш видливи затоа што истовремено се активираат повеќе мускули. За тренинг е потребно да одвоите по еден час, три пати неделно, а за успех мора да воведете и соодветен начин на исхрана затоа што ако вежбате и јадете повеќе, наместо да изгубите ќе добиете повеќе килограми.