Кинез создал модерна Ноева арка (видео)

Бидејќи светот ќе заврши за неколку месеци, наскоро ќе видиме доста луѓе кои ќе започнат да собираат храна и намирници.

Но кинезот Јанг Зонгфу започнал малку порано и веже го завршил својата жолта „Ноева арка“ – топка од 4 метри која, според него, собира три луѓе, храна и вода за една година, кислород за три недели и 75 воздушни перничиња за удобен престој.

За да ја тестира својата жироскопска сфера – за чие создавање биле потребни 1,5 милиони јуани (околу 236.000 долари) – тој тврди дека ја удирал со возило со брзина од околу 100 километри на час (удар кој патниците наводно не го ни почувствувале).

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

{youtube}pZLBdr-853U{/youtube}

Но за вистинско демонстрирање на силата на оваа топка со боја на банана Јанг се качил во својата топка и се пуштил по рид висок 50 метри. Тој излегол без сериозни повреди со само малку крв на усната поради исекотина од безбедносниот ремен.

- Реклама -