Кинез се пронашол на фотографија на жена му сликната 10 години пред да се запознаат (Милијарда и пол се)

Двајцата го послетиле истото туристичко место, 10 години пред да се запознаат …

Мажов и женава од Кина, се жив доказ дека сродни души постојат кога откриле дека се појавиле на иста фотографија стара 2 децении, односно точно 10 години пред да се запознаат. Никако не смееме да го занемариме фактот дека двајцава не се од Куманово и Струмица, па се нашле на иста фотка во Шула Мина, случајно … туку од Кина (1 379 милијарди).

Замислете го моментот, си листате слики со жена ти и на една од фотките кај што позира се гледаш во позадина ти, исто така како позираш бидејќи те сликаат и тебе, ама од друг агол… и плус од Кина сте и двајцата

Како што пренесува NewsAsia, парот од градот Ченгду си прелистувале стари фотки  кога мажот се препознал себе си во ќошот на една од фотките на кои неговата жена позирала во градот Чингдао. Фотката е направена во јули 2001, а тие се запознаваат дури во 2011.

Имено и тој во истиот момент се слика, но го сликаат од друг агол. Се наежив кога се видов на фотографијата, иако бев онака замаглен и подалеку, веднаш се забележав …Тоа е мојата поза на сликање … едена во милијарда и пол. Плус дома ја имам истата таа фотографија – вели господин Је.

Је на тој 4-ти мач бил на плоштадот на кој е направена фотката. Тој бил на турата низ градот Ченгду, на местото на неговата мајка, која поради здравствени причини не можела да дојде, додека неговата сопруга Џуе, била на истиот плоштад со нејзината мајка.

Брачниот пар, кој стана хит на интернет, планираат за 20-годишнината од фотографијава, да го посетат истиов плоштад и да направат една групна фотка заедно со нивните деца.

- Реклама -