Home Технологија Наука Кинески сателит улови ретка глетка: Далечната страна на Месечината и Земјата заедно на една фотографија

Кинески сателит улови ретка глетка: Далечната страна на Месечината и Земјата заедно на една фотографија

0
Кинески сателит улови ретка глетка: Далечната страна на Месечината и Земјата заедно на една фотографија

Кинескиот сателит Longjiang-2 направи уникатна фотографија од далечната страна на Месечината додека во позадина, навидум запрепастувачки помала, ѕирка Земјата.

Сателитот, заедно со сондата Queqiao, во месечевата орбита се од јуни 2018-та. Неговата „сестра“ – сателитот Longjiang-1, не успеа да ја напушти Земјината орбита при лансирањето во мај, но тоа беше единствената дамка на инаку сосема успешната мисија на Кинеската национална вселенска администрација (CNSA) во обид да ја проучи далечната, „темна“ страна на Месечината.

На почетокот на јануари, лунарната сонда Chang’e-4 успешно слета на далечната страна на Месечината, каде што постави мал робот, снима панорами, ја мери температурата на реголитот на површината, а дури сади и компири. И ништо од тоа немаше да биде можно без Longjiang-2 и Queqiao, кои служат како клучни сателити за пренос, овозможувајќи контролата на мисијата на Земјата да остане во контант со Chang’e-4 додека е закотвен отаде Месечината.

Longjiang-2 е микросателит со дијаметар од 20 инчи (речиси 51 сантиметар) и носи оптичка камера направена во Саудиска Арабија. Во јуни 2018 испрати неколку прекрасни слики од Месечината, но потоа во јануари, додека CNSA внимателно го набљудуваше слетувањето на Chang’e-4, радио преносот на Longjiang-2 беше „замолкнат“ за да се минимизираат пречките во контролата, соопштија од CAMRAS – која управува со радио телескопот Dwingeloo во североисточна Холандија. Овој 25-метарски телескоп ѝ помага на кинеската CNSA во нејзината радио комуникација со лунарната мисија.

Во средината на јануари CNSA го прекина молкот на Longjiang-2 и му дозволи повторно да фотографира. На 3 февруари сателитот сними тајмлапс од Месечината со Земјата во позадина. Телескопот Dwingeloo ја прими веќе следниот ден и тоа е првата фотографија од Longjiang-2 што ги покажува Земјата и Месечината заедно во еден кадар.

CAMRAS очекува уште фотографии следната недела. Longjiang-2, во меѓувреме, освен што ќе продолжи да фотографира, ќе се бави и со нискофреквентна астрономија и со разни помали радио експерименти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here