Home Технологија Наука Кинеска сонда ќе носи компири и свилени буби на темната страна на Месечината

Кинеска сонда ќе носи компири и свилени буби на темната страна на Месечината

0
Кинеска сонда ќе носи компири и свилени буби на темната страна на Месечината

Кинеската вселенска програма оди каде што никој не бил – далечната страна на Месечината („темната“ страна е само фигуративен израз, бидејќи е страната што не ја гледаме, инаку и Месечината си има ден и ноќ).

Лунарната сонда Chang’e-4, ако сé оди по планот, ќе биде лансирана месецов. Сондата, именувана по митската Божица на Месечината, за неколку недели ќе слета на месечевиот „басен“ Aitken, каде ќе прави фотографии од површината и ќе зема податоци од почвата.

Слетувањето во овој неистражен регион ќе му овозможи на роверот на Chang’e-4 подобро да ја проучи Месечината и вселената поради отсуството на електромагнетско мешање од Земјата. Роверот е опремен со ниско-фреквентен радио спектометар, кој ќе им помогне на научниците да откријат „како светнале најраните ѕвезди и како нашиот космос произлегол од темнината по Биг Бенг-от“, пренесува кинеската државна агенција Xinhua.

Сондата ќе носи и конзерва со семиња од компири и arabidopsis – цветно растение од родот на зелката, за научниците да истражат дали растенијата можат да растат на Месечината. Како дел од биолошкиот експеримент, Chang’e-4 ќе носи и јајца од свилена буба. Ниту една од државните агенции вклучени во кинеската вселенска програма не соопштуваат повеќе детали.

Chang’e, инаку, е серија од сонди што Кина ги испрати во орбитата и ги слета на Месечината. Претходникот на оваа, Chang’e-3, заедно со нејзиниот ровер Yutu, беа лансирани во 2013-та за да ја истражуваат месечевата геологија и природните ресурси.

До крајот на декадава, Кина планира да ја испрати и својата прва сонда на Марс. До 2022 година сака да изгради и своја вселенска станица. До 2030-та, Кина планира да стане една од топ 3-те вселенски сили во светот. Кина има вселенски буџет од 8 милијарди долари годишно, што е вториот најголем вселенски буџет во светот по тој на САД.

НАСА, од своја страна, исто така планира да ја посети Месечината, но со доста поамбициозни планови.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here