Кина започнува попис

кинески пописКина вчера започна да извршува попис на населението. Според планот, пописот, кој се одржува на секои десет години, би требало да заврши за 10 дена. Во периодот од 1 до 10 ноември, 6 милиони работници ќе ја поминат целата земја во обид да извршат детален попис на целото население.

Кина вчера започна да извршува попис на населението. Според планот, пописот, кој се одржува на секои десет години, би требало да заврши за 10 дена. Во периодот од 1 до 10 ноември, 6 милиони работници ќе ја поминат целата земја во обид да извршат детален попис на целото население.

кинески пописНа пописот одржан во 2000 година, населението на Кина изнесувало 1,295 милијарди, но во таа бројка не биле опфатени работниците мигранти кои живеат во градовите помалку од 6 месеци. Во десетте години по тој попис имало големо поместување на населението, десетици милиони работници се преселиле во градовите во потрага по работа. „Каде и да живеете од 1 до 10 ноември, ќе бидете попишани“ изјавил Жанг Ксуејуан, претставник на комитетот за попис од Пекинг.

Ова е шестиот попис во историјата на Народна Република Кина, но прв на кој населението ќе биде попишано каде што живее во моментот. На претходните пописи жителите биле попишувани само во градовите и населените места во кои официјално биле регистрирани. Оваа промена треба да овозможи подобро следење на демографските промени, и откривање на вистинската големина на џиновските градови, кај кои бројот на жители досега бил само проценка.

Кина се потрудила за да го промовира годинешниот попис. Во Пекинг, на влезовите на сите општини и маала се поставени огромни знамиња со слогани како: „Пописот е за нацијата и за секој жител,“ и „Сите учествуваат во пописот.“ Попишувачите ќе одат од врата на врата и ќе ги прашуваат жителите за нивото на образование, фамилијарната историја, вработување и статус.

кинески попис Еден од првите кои биле попишани вчера бил пензионерот Рен Шуангенг, кој ги пречекал попишувачите со насмевка во неговиот стан во централен Пекинг. Попишувачите облечени во специјални елеци и со соодветна идентификација му поставувале прашања како: „Колку години живеете овде? Колку луѓе живеат овде? Каде живеат вашите деца? Колку години имаат? Колку време сте пензионирани?“

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Рен е само еден од преку 1,3 милијарди жители кои треба да бидат попишани. Секој попишувач треба да попише по 80-100 куќи/станови, и на 90 проценти од жителите треба да им постават по 18 прашања за имотот, работата, членови на семејството итн. Останатите 10 проценти, одбрани по случаен избор ќе добијат дополнителни 45 прашања за причините за преселување, невработеност и други лични податоци.

„Посетувањето на секоја куќа ќе ни овозможи да бидеме темелни за да можеме да ги попишеме и работниците мигранти, и сите други кои немаат трајна адреса во Пекинг“ изјавил Каи Џун од комитетот за попис на Пекинг. „Годинава првпат ќе ги попишуваме и странците, како и жителите на Хонг Конг и Макао, но тие ќе одговараат само на осум прашања“ додал тој.

Единствениот страв е дека голем дел од работниците мигранти кои работат нелегално или кои имаат родено деца без соодветните докоументи. Семејствата кои имаат непријавени деца исто така можат да одбиваат да дадат информации. Кина има политика за едно дете, и родителите кои ја имаат прекршено се соочуваат со големи казни. За да ги охрабрат жителите, владата понудила да ги намали казните за сите семејства кои ќе ги пријават сите свои деца.

Прелиминарната работа започнала во август кога милиони попишувачи оделе од врата на врата и ги барале основните податоци на сопствениците и кираџиите кои живееле таму, како имиња и телефонски броеви. Поголемиот дел од шестте милиони попишувачи се вработени во локалната самоуправа или се членови на месни комитети, од кои повеќето се пензионирани државни службеници. [China goes door-to-door for world’s biggest census]

- Реклама -