Кина: Цаи Инг-вен го води Тајван кон „бурно море“

Пекинг денеска соопшти дека тајванската претседателка Цаи Инг-вен го турка Тајван во „бурно море“, откако Кина одржа воени вежби како одговор на нејзината неодамнешна средба со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Калифорнија.

Цаи рече дека нејзиното прекуокеанско патување, за време на кое се сретна со Мекарти во САД и беше во Гватемала и Белизе, му ја покажа на светот одлучноста на Тајван да ги брани слободата и демократијата.

Патувањето го налути Пекинг, кој одговори со повеќедневни воени вежби со цел да се покаже дека може насилно да ја преземе контролата над Тајван.

Кина ја гледа Цаи како сепаратист и ги отфрли нејзините постојани повици за разговори. Цаи, од своја страна, вели дека сака мир, но дека нејзината влада ќе го брани Тајван доколку биде нападнат.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

„Цаи Инг-вен донесе опасност за Тајван. Цаи Инг-вен речиси целосно застана на страната на САД, туркајќи го Тајван во бурно море“, рече портпаролката на кинеската канцеларија за тајвански прашања, Жу Фенглијан.

Жу рече дека вежбите околу Тајван се „сериозно предупредување против  провокацијата на тајванските сепаратистички сили за независност и надворешните сили“.

МИА

- Реклама -