Кина се бори со најлошиот бран на ковид од почетокот на пандемијата

Пекинг, 15 март 2022 (МИА) – Коронавирусот продолжува да се шири во Кина. Земјата е зафатена од најлошиот бран на инфекции со Ковид-19 од почетокот на пандемијата, јави ДПА.

Нови 5.154 инфекции беа евидентирани во земјата во текот на вчерашниот ден, според денешниот извештај, поставувајќи нов максимум во сегашниот бран на коронавирус.

Нови инфекции се регистрирани во 20 региони во земјата, а провинцијата Џилин во североисточна Кина и понатаму е најтешко погодена со откриени 4.067 нови инфекции.

Во Пекинг, Шангај и во Шенжен, исто така, има нови лица заразени со вирусот.

Шенжен и Чангчун, главниот град на провинцијата Џилин, се моментално се во локдаун, што, исто така, ја погодува економијата.

Прочитајте и:  Кина бара СТО да реагира поради новите европски давачки за електрични возила

Во Чангчун, производителот на автомобили Фолксваген мораше привремено да прекине со работење во три фабрики, каде работи заедно со кинескиот партнер FAW.

Во Шенжен, добавувачот на Епл, Фокскон, го запре производството во својот погон.

Кина спроведува строга нулта-Ковид стратегија, реагирајќи на локални епидемии со локдаун, масовно тестирање, рестрикции во транспортот, како и карантини.

- Реклама -