Кина ќе го создаде првиот мега-град во светот

Кинески мега-градГрадските планери во јужна Кина претставиле амбициозен план да спојат девет градови распоредени околу устието на реката Бисер. Планот подразбира создавање на урбана средина од 41.440 километри квадратни, површина 26 пати поголема од вкупната површина на Лондон, речиси еднаква на површината на Естонија.

Новиот мега-град ќе опфати голем дел од срцето на кинеската индустриската зона, од Гуангжу до Шенжен и ќе ги опфати Фошан, Донггуан, Жонгшан, Жухаи, Џиангмен, Хуижу и Жаокинг, градови одговорни за речиси една десетина од кинеската економија. Во следните шест години, околу 150 големи инфраструктурни проекти ќе ги спојат транспортните, енергетските, комуналните и телекомуникациските мрежи на овие девет градови, подвиг кој чини 2 трилиони јуани (oколу 220 милијарди евра).

Во проектот е предвидена и брза железничка линија која ќе го поврзе новиот град со блискиот Хонг Конг. „Идејата е откако градовите ќе бидат споени, граѓаните да можат да патуваат слободно помеѓу нив и да ги користат здравствените установи во различните области“ вели Ма Ксиангминг, главниот планер во Институтот за Рурално и Урбано Планирање од Гуангдонг и консултант на овој проект.

Сепак, тој додава дека сè уште не е одбрано име за овој нов мега-град. „Ова нема да биде како ,поширок Лондон’ или ,пошироко Токио’ бидејќи проектот не се фокусира на само еден централен град. Не можеме да го именуваме по еден од веќе постоечките градови. Проектот ќе помогне за проширување на индустријата и распоредување на работните места подеднакво во регионот, а и јавните служби ќе бидат посоодветно распоредени.“ Господин Ма изјавил дека жителите ќе можат да користат универзални железнички карти и годишни билети кои ќе им овозможат да се движат наоколу во мега-градот. [China to create largest mega-city in the world with 42 million people]

- Реклама -