Кина ја пушти во употреба најголемата соларна фарма на вода

Според СЗО, Кина е една од најзагадените земји во светот. Пекинг е особено познат по смогот и екстремното загадување. Од неодамна, Кина е на мисија да направи пресврт во ситуацијата, и да стане лидер во производството на енергија од обновливи извори. Целта им е да ја зголемат употребата на нефосилни горива за 20%, што со оглед на големината на земјата, ќе ја претвори Кина во зелена суперсила.

Сега кинеската влада објави дека ја комплетирале конструкцијата на најголемата пловна соларна фарма во светот, и не само тоа, туку веќе е почнато производството на енергија.

Зад 40-мегаватната соларна фарма стои компанијата Sungrow Power Supply. Фармата е изградена врз поплавен поранешен рударски град во источната кинеска провинција Анхуи.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Како што објаснува официјално лице од локалната власт, со ваквата соларна централа не само што се искористува оваа инаку бескорисна област – со што се елиминира потребата од ново земјиште, туку и го подобрува производството – поради природното ладење на површината што го овозможува водата.

- Реклама -