Kина: Jа продале ќерката за да купат Ајфон

Кинеските власти покренале кривична постапка против еден пар кој преку интернет ја продал својата ќерка, а со дел од приходите си купиле Ајфон.

Во извештаите не се наведува сумата за која е продадено детето, но судејќи по постовите на медиумските веб-страни, износот е од 4.900 до 8.200 долари.

Обвинителството во Шангај покрена тужба за трговија со луѓе, затоа што младиот брачен пар објавил оглас на интернет дека го продава своето дете, а истражителите утврдиле дека мајката искористила дел од парите за да си купи Ајфон, модерни патики и други производи, исто така преку интернет.

Меѓутоа, сопружниците и рекле на полицијата дека само сакале нивната ќерка да израсне во подобри услови од оние кои тие можат да и ги пружат, со оглед на тоа дека имаат веќе две деца.

Прочитајте и:  Пекинг: Приближувањето на Пјонгјанг и Москва не го менува нашиот однос кон нив

Производите на компанијата Епл се исклучително популарни во Кина, каде лани еден тинејџер продал бубрег, за да купи Ајфон и ајпед.

- Реклама -