Тајпеј, 4 октомври 2021 (МИА) – Кина денеска испрати 52 борбени авиони во Тајван, најмногу досега, продолжувајќи ја тридневната воена активност во близина на островот за кој смета дека е нејзина територија.
Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека ги следи кинеските воени авиони, користејќи систем за противвоздушна одбрана.
Пекинг сѐ уште го смета Тајван за дел од својата територија, одбива да ја признае неговата демократска влада и сѐ повеќе се обидува да го изолира.
Последниот спор меѓу двете страни ескалираше на 23 септември, кога Тајван ја објави својата намера да се приклучи на трговската група на пацифичките земји на која Пекинг аплицираше за членство една недела претходно.
Кина во петокот испрати 38 борбени авиони кон Тајван и 39 во саботата, што беше најголем број вакви летови во еден ден од септември 2020 година, кога тајванската влада започна да објавува извештаи за нив.