Кина гради 20 пловни мобилни нуклеарни централи

FLOATING-NUCLEAR-POWER-PLANT[1]

Нуклеарната енергија брзо стана голем енергетски извор за многу компании, особено откако трендот на оддалечување од користењето на фосилни горива во последниве години на голема врата ја поттикна иновацијата. Нуклеарните катастрофи од минатото и ризиците по човековото здравје и животната околина постојано ја фрлаат нуклеарната енергија во сенка, а некои сметаат дека тоа е можеби и главниот фактор што денес индустријата е таму каде што е, а не чекор(и) понапред.

И така, на некои им текна: наместо да се градат нуклеарни централи близу до луѓето и на брегот, зошто да не ги „пратиме“ во морето? Кина планира да го прави баш тоа и веќе почна со изградба на сет од 20 мобилни бродски нуклеарни генератори.

Се очекува дека овие мобилни нуклеарни централи ќе обезбедуваат енергија за далечните локации во Јужното Кинеско море, област која е прилично контроверзна во последно време заради кинеската експанзија на островите во очи на американскиот страв од конфликт со нивниот близок сојузник – Филипините. Сеедно, настрана политичките и воените проблеми, ваков тип на нови нуклеарни централи би можеле да се покажат мошне корисни во снабдување на одржлива енергија за тешко достапните региони ширум светот.

Прочитајте и:  ФТ: Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци

Проектот се очекува да биде реализиран во прилично брзо време; Според кинескиот People’s Daily, првата нуклеарна централа, според планот, ќе биде пуштена во употреба веќе во 2018-та година.

Главната грижа околу овие нуклеарни бродови, како и секогаш, е безбедноста. Да, централата ќе биде потенцијално во средината на океанот и далеку од луѓето, но тоа пак ја остава подложена на бури, а при потенцијална штета, импактот по животната околина може да е огромен. И што е можеби најстрашно, е што сега нема кој да се буни (освен пар еколози) или барем жестоко да притиска за максимално преземање на сите можни мерки за безбедност, бидејќи луѓето се такви, нели – „далеку од очи = далеку од срце“.

Не дека веќе не постои безбедна мобилна нуклеарна енергија. На пример, американската морнарица и другите поголеми армии веќе одамна користат нуклеарна енергија за погон на своите подморници и носачи на летала. Ама…

- Реклама -