Изгледот на Ким Кардашијан чини 84 илјади евра годишно

Ким  Кардашијан изгради цела кариера на сметка на изгледот, а одамна призна дека за одржување на убавината секојдневно работи со полно работно време. Но освен времето, за одржување на таквиот изглед потребни се и многу пари.

Сега конечно е познато колку точно пари се потребни за Ким секојдневно да блеска во најдобро издание. Станува збор за неверојатни 84 илјади евра годишно.

Во тој износ не се вклучени третманите кои ги добива бесплатно, а тоа се маникир и педикир. Исто така, не се вклучени ниту производите кои ги добива бесплатно, а има многу такви, како шминки или додадоци за во исхраната.

Познатата старлета месечно на разни третмани за убавина троши околу 10 илјади евра, а за тоа потребно е и време, односно околу 18 часа.

Ким Кардашијан наводно најмногу го сака третманот за лице со 24-каратно злато, а го обожава и третманот за тело кој се реализира со помош на текила. Заводливата Ким исто така многу ги сакала и ласерите кои, благодарение на кои има свежо и младолико лице.

Иако сумата од 66 илјади фунти годишно зачуди многумина, всушност, познавачите сметаат дека Ким всушност троши и многу повеќе за да го зачува добриот изглед од кој што живее и таа самата, но и нејзиното семејство.

- Реклама -