Во најновата фотосесија за арапското списание Hia, Ким Кардашијан можеме да ја видиме во смел фустан со длабоко деколте кој ги открива нејзините и онака забележливи облини.
Бремената реалити ѕвезда го комбинира блескаво белиот фустан со висока пунџа, раскошен накит и гламурозни шапки и марами.
Во видеото на кое можете да ја видите атмосверата зад апаратите, ќе ја забележите Ким во неколку различни аутфити од традиционалниот стил на блискиот исток, кои на суптилен начин ја истакнуваат нејзината фигура.
За егзотичниот изглед на 32-годишната убавица, во голема мера е заслужно и нејзиното ерменско-американско потекло.
На нејзиниот Твитер профил Ким напиша: „Hia е водечки магазин за луксузниот начин на живот на арапските жени и среќна сум што се најдов токму на нивната насловна страница“.