Киев: Успешен напад врз руската воздухопловна база на Крим

Украинската служба за безбедност и морнарицата во текот на ноќта извршија напад врз воздухопловната база Саки на Крим, нанесувајќи им „сериозна штета“ на руските војници, според извор од украинската разузнавачка служба.

Во исто време, руската војска објави дека уништила 19 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море, но не соопшти детали за евентуални жртви или штети.

Во текот на ноќта, руските сили за противвоздушна одбрана соборија две беспилотни летала кои беа насочени кон постројки за гориво и енергетски постројки во централниот руски регион Ориол, објави гувернерот Андреј Кличко на Телеграм.

МИА

Прочитајте и:  Тимот на Трамп со остри критики за одлуката на Бајден: „Ова е како нова војна, сите претходни калкулации сега се ништовни“
- Реклама -