Киев: Украина од западните земји доби само 10 отсто од вооружувањето кое го бараше

Киев, 14 јуни 2022 (МИА) – Украина доби само десет отсто од оружјето што го побара од западните земји, изјави денеска заменик-министерката за одбрана Ана Малијар, за време на телетонот организиран од украинскиот јавен сервис.

„Капацитетите на Русија во однос на персонал и оружје се неспоредливо поголеми од нашите. Колку и да вложуваме труд и колку и да е професионална нашата армија, без помошта на западните партнери нема да можеме да победиме во оваа војна“, изјави Малијар, пренесува ТАСС.

Таа предупреди дека во овој момент украинската армија нема доволно оружје и воена опрема за рамноправно да ѝ се спротивстави на руската војска.

Како пример, таа наведе дека украинската армија може да употреби меѓу 5.000 и 6.000 артилериски гранати дневно, додека руската армија истрелува десет пати повеќе.

Прочитајте и:  „Тајмс“: САД нема да ѝ дозволат на Украина да ги користи балистичките ракети АТАКМС во Русија
- Реклама -