Киев: Досегашното темпо на санкции е премногу бавно и недоволно

Мадрид, 31 мај 2022 (МИА) – Официјален Киев не е задоволен од одлуките од Брисел, иако ЕУ на последната средба на нејзините лидери го воведе шестиот пакет санкции за Русија.

Со тој пакет санкции се забранува најголемиот дел од увозот на нафта од Русија.

Сепак, за Киев и тоа не е доволно.

„Тоа не е доволно и досегашното темпо на санкции е премногу бавно“, рече Ихор Жовква од кабинетот на украинскиот претседател, обраќајќи се во Мадрид.

На самитот во Брисел во понеделникот, ЕУ договори мерки со кои веднаш ќе се прекинат повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, како и 90 отсто до крајот на годината.

Прочитајте и:  Стано: Што и да изјави Путин тоа нема да го промени ставот на ЕУ за поддршка на Украина

„Ако ме прашувате мене, би рекол премногу бавно, предоцна и дефинитивно недоволно“, рече Жовква.

Тој додаде дека Украина не е задоволна со ритамот на испорака на оружје од Запад. „Дефинитивно не сме задоволни“, рече тој, одговарајќи на прашања по говорот.

„Доколку бевме задоволни, веднаш ќе започневме со ослободување на Мариупол и ќе ги истеравме руските сили од Донбас“, рече Жовква.

- Реклама -