Киев деманира дека „Вагнер“ го зазела центарот на Бахмут

Шефот на кабинет на украинскиот претседател, Андриј Јермак, денеска ги оцени за лажни тврдењата на руската платеничка група „Вагнер“ дека го зазела центарот на Бахмут, девастираниот град во источна Украина во кој со месеци се водат жестоки борби, јави ДПА.

„Смирено реагирајте на лажните информации на оние кои замислуваат победа што не постои во реалноста“, напиша денеска Јермак на својот канал на Телеграм.

Шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, претходно преку видео изјави дека над зградата на градската администрација било кренато руското знаме, што значело дека тој заземен.

Руското Министерство за одбрана, меѓутоа, го потврди кажаното од Пригожин.

Стратешки важниот град во украинската област Доњецк претходно имаше околу 70.000 жители. Денеска градот е разурнат и се проценува дека во него сега живеат едвај околу 3.000 лица.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Двете завојувани страни претрпеа огромни загуби во битките околу Бахмут, забележа ДПА.

МИА

- Реклама -