Киев бесен на протечените документи, се сомнева во поддршката на САД на украинската контраофанзива

Официјални лица во Киев се огорчени од протечените американски разузнавачки информации кои ја поткопуваат способноста на Украина да ја врати територијата заземена од Русија оваа пролет, пишува порталот Политико.

Порталот посочува дека високи украински функционери се особено бесни поради протекувањето на „строго доверлива“ проценка од февруари, што сугерира дека Украина ќе оствари само „скромни територијални придобивки“ во нејзината планирана пролетна контраофанзива.

Киев вели дека документот покажува дека САД повторно ги потценуваат воените капацитети на Украина.

„Истите луѓе кои велеа дека Киев ќе падне за три дена, сега шират штетни и малку смешни информации пред офанзивата која е критично важна за целиот слободен свет“, изјавил неименуван извор кој е во редовен контакт со високи функционери во Киев.

Прочитајте и:  Столтенберг: Кина да престане да ја поддржува Русија

Неименуван украински функционер изјавил дека украинската армија докажала дека овие проценки се погрешни и дека информациите за идната контраофанзива кои протекоа – „не се точни“.

„Ова ни дава причина да се сомневаме колку сериозно САД ги поддржуваат целите на Украина целосно да ја истисне Русија од земјата“, рекол претставникот, јави Политико.

МИА

- Реклама -