Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак изјави дека како дел од мировниот договор, во Русија долж границата со Украина треба да се формира демилитаризирана зона од 100 до 120 километри.
„Областа би била неопходна за заштита на украинските региони од гранатирање. Клучната тема на мировниот договор треба да биде воспоставувањето заштитни мерки за да се избегне повторување на агресијата во иднина“, напиша Михајло Подољак на Твитер.
Според него, демитализираната зона е со цел да се осигура безбедноста на жителите во неколку погранични украински провинции, Белгород, Брјанск, Курск и Ростов.
Подољак истакна дека демилитаризираната зона првично би можела да биде под меѓународна контрола.
Извор: МИА