Работата на познатите светски манекенски воопшто не е лесна. Тие за време на модните недели немаат време да се посветат на себе поради тоа што „трчаат“ од една на друга ревија. Таков е случајот и со познатата манекенка Кендал Џенер, помалата сестра на Ким Кардашијан која е снимена во автомобил како си ги бричи нозете.
Таа се насмевнува кон камерата, но сепак воопшто не и е пријатно што е фатена во незгодна ситуација.
- Премногу мода, премалку време – напиша Кендал на својот Инстаграм профил.