Британската асоцијација за шапки, Headwear Association, оваа година „симна капа“ пред талентот на Кејт Мос која мошне умешно ги носи шапките во секоја пригода и ги додава на било кој стајлинг.
Како и секоја година, така и оваа Асоцијацијата спроведе анкета во која Британците гласаат за најстилска ѕвезда со шапка. Минатата година титулата ја доби војвотката од Кембриџ, Кејт Миделтон, а претходните години популарните Џони Деп и Бред Пит кои не ретко се појавуваат со шапки како додатоци на својот стајлинг.
Во колекцијата, Мос поседува најразлични модели на шапки, од спортски бејзбол капи до широки шешири во стилот од 70-ите, но сепак омилена и останува меката шапка со класичен крој.
„Аксесоарите за мене се многу важни, но мојот сопруг не дозволува да излегувам надвор истовремено со шапка и очила за сонце затоа што изгледам како маскирана“, вели Кејт Мос.
По Кејт Мос која е новото заштитно лице на Rag&Bonе, на второто место се најде Бруно Марс, а на третото Ен Хатавеј.