Кедира преку фејсбук му се заблагодари на Мурињо

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Сами Кедира на интересен начин преку фејсбук му се заблагодари на Жозе Мурињо кој го напушта Сантијаго Бернабеу.

Сами Кедира на својот фејсбук профил објави колаж од слики со Жозе Мурињо и му се заблагодари на својот тренер.

„Збогум Жозе Мурињо! Како што знаете мои пријатели, нашиот тренер Жозе Мурињо го напушта Реал Мадрид по крајот од сезоната. Сите ја почитуваме неговата одлука, лично јас сум му многу благодарен”.

„Сакам да ти се заблагодарам за можноста која ми ја даде да играм во Реал Мадрид. Сакам да ти се заблагодарам за целата поддршка која ми ја даваше, секогаш беше зад мене, дури и кога бев критикуван од медиумите!”.

Прочитајте и:  Ла Лига го критикува Реал поради бојкотот на „Златната топка“

„Сакам да ти се заблагодарам за сето поминато време, во кое можев да се развивам и созревам како фудбалер на Реал Мадрид” – напиша Кедира.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -