Минатата недела се појавиа гласини за Nokia и нејзиното враќање на пазарот со смартфони.
Потоа се појавија гласини дека информацијата е потврдена од претседателот на компанијата во Кина Мајк Вонг, според кои Nokia ќе користи центар за развој и фабрики во Сечуан за производи во 2016 година.
Денес компанијата објави официјално соопштение во кое негираше дека постојат планови за производство и продажба на паметни телефони.
„Овие извештаи се лажни и вклучуваат коментари несоодветно препишани на директорот на Nokia Networks.”, Додава уште Nokia.
Како што знаеме, според условите од договорот на Финците со Microsoft, тие немаат право да произведуваат телефони до крајот на оваа година, а до третиот квартал на 2016 пак немаат право да поседуваат мобилен производ со нивното име на него.
Не е исклучена можноста Nokia да се врати на пазарот побрзо индиректно. Тоа значи дека слично на таблетот N1, Nokia може да избере други компании да ги произведуваат и продаваат претстојните производи (N1 е доставен за продажба на Foxconn).