Ќе се ограничи употребата на гумените куршуми

На седница на Владата на Република Македонија било разговарано да се ограничи употребата на гумените куршуми, откако претходната власт дозволи истите да бидат користени и кога реално нема потреба за тоа.

„Најавуваме измени и дополнување на Законот за полиција со којшто ќе се ограничи употребата на средства за присила како што се гумените куршуми, хемиски средства и слично“, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, во виде клип објавен на неговиот профил на „Твитер“.

Употребата на гумените куршуми предизвика многу контроверзии во јавноста, особено што е познато какви повреди можат да нанесат, а истите беа изгласани и од доктори, кои во тоа време беа и пратеници на тогашната власт.

Ваквиот Закон за полиција изгласан во 2015 година ѝ овозможуваше на полицијата да користи гумени куршуми и електрични пиштоли за справување со агресивни демонстранти, со цел „привремено онеспособување и доведување во послушност на агресивни лица, кога со други средства лицето не може да се доведе во послушност“. Истиот беше донесен во време кога масовно се организираа протести против полициска бруталност, против измените во законот за високо образование, како и самите зачетоци на Шарената револуција.

- Реклама -