Ќе се изненадите од мноштвото идеи: Сите примени на сапунот во домот

Во обувките или патиките ставете сапун и допуштете да преноќи. Наутро ќе мирисаат како нови.
Заштедете време и пари, со помош на овој добар сојузник во домаќинството – сапунот. Еве како…

Ги штити билките од инсекти

Половина сапун ставете во вода. Мешавината ставете ја во шише со распрскувач и испрскајте ги ливчињата од билките од долната страна. Бидете сигурни дека ваште билки ќе бидат заштитени.

Ублажува убод од инсекти

Доколку сакате да го намалите чешањето или болката по убодот од инсекти, посегнете по сапун. Навлажнете го и намачкајте на местото на убод. Ќе почувствувате моментално олеснување.

Ги отстранува тврдокорните дамки

На дамките втријте влажен сапун. Оставете да се исуши, а потоа исперете во машина, како што обично правите.

Ја решава смрдеата од обувките

Во обувките или патиките ставете сапун и допуштете да преноќи. Наутро ќе мирисаат како нови.

Јастуче за игли

Сапунот замотајте го ткаените и прицврстете ја со украсна врвка. Одлично ќе послужи како јастуче за игли.

Заштитете ги ноктите

Пред да започнете со работа во градината, или некоја друга подеднакво валкана, нанесете сапун под ноктите. Слојот ќе спречи таложење на ѓубрето длабоко под ноктите. Освен тоа сапунот ќе го отстраните полесно од ѓубрето.

 

- Реклама -