Ќе продаваш на интернет? Господ нека ти е напомош

Да добиеш позитивна рецензија на интернет, треба стварно ѕвездите да ти се наклонети. Пазете ги примериве:

• Nike патики

Ги купив за мене. Стапалата ми се намокрија во истиот момент. Па го поминав денот носејќи мокри патики, и како резултат фатив настинка. Сега додека сите се на работа, јас кулирам дома и гледам телевизија. Навистина сум среќен. Би сакал да купам уште еден пар. Топло ги препорачувам.

• Часовник со калкулатор

Како Apple Watch, ама уште подобар

Супер е. Има двојно време, штоперица, аларм, ја покажува датата и денот од неделата, И ИМА КАЛКУЛАТОР. Ако го носиш доволно стегнат, можеш дури и да си го измериш пулсот. Значи, како Apple Watch е, само чини помалку од 20 долари, има 5-годишна гаранција, и батеријата трае 5 години. Не праќа текстуални пораки, ама можеш да напишеш зборови како „BRO“. Па ако пријателот е веднаш до тебе, практично е исто како да му праќаш порака.

• Селфи стик

Дури и јас знаев да го користам. А ова ми е најдобрата моја слика во последниве 50 години.

• (Продуктот не е наведен, но друго е поентата)

Сé е таман. Не можам да речам дека долго го чекав пакетот, но го порачав за девојка ми, а ѝ го дадов на жена ми.

• Спортска торба

Нема непријатни мириси. Квалитетно платно. Изгледа исто како на сликата. Не е ни поголема, ни помала. Можеш да носиш 6 лименки во неа. А за во теретана… Е тоа не знам.

• Швајцарски нож

Изненадувачки резултати

Пробав да ги исечам ноктите, ама во процесот несакајќи поправив еден мотор во близина. Што е фино, претпоставувам.

• Фитнес тракер

Предности: цена, дизајн, моќна батерија, добар ремен, препраќа нотификации од телефонот
Маани: Жена ми секогаш ми ги проверува активностите преку апликацијата. Сега објаснувам зошто пешачам помалку од што треба, зошто пешачам повеќе од што треба, зошто станувам од кревет навечер и слично. По службените патувања, таа ми ги анализира сите активности (вклучително и пулсот) и детектира корелација меѓу лајковите на Фејсбук и некои додадени жени во мојата листа на пријатели. Значи, сакав да купам смарт тракер, ама добив појас на невиност.

• Безжичен маус

Работи супер!

Ми ја спаси врската. Гласното кликање на претходниот маус ја будеше девојка ми навечер. Сега тоа не е проблем! Нашите проблеми во врската се ствар од минатото! Овој маус е толку тивок што девојка ми некогаш заборава дека сум дома, па го носи љубовникот. Супер е човекот!

• Nike патики

Вредат!

Да, прилично се скапи, ама вредат за цената. Морав да работам 60 часа неделно цела година за да можам да ги купам. Кога ги облекуваш, сфаќаш дека овие не се обични патики од 60 долари. Да, иста форма се и сé друго, ама се многу постилски. 1.600 долари постилски.

Се разбира, некогаш немам што да јадам и сега морам да спијам надвор. Но во тешките мигови само помислувам на моите нови Најки и заборавам на сé.

• BIC женски пенкала

Одличен продукт!

Маж ми никогаш не ми дозволи да пишувам, бидејќи не сака да допирам машки пенкала. Меѓутоа, кога го видов ова пенкало, решив да го купам (со парите од џепарац) и досега е одлично! Штом еднаш научив да пишувам, женската боја и делот за држење (кој многу подобро пасува на моите деликатни мали раце) ми овозможи да пишувам на долго и широко за моите нови идеи за рецепти, шиењето и градинарството. Мојот сопруг, меѓутоа, е помалку задоволен од пенкалото, бидејќи верува дека тоа ќе ме одведе до повеќе независност.

• Блендер

Не можам да оценувам во име на жена ми, ама првпат ми направи палачинки по 13 години.

• Супа

Супава е извонредна!

Ја купив за да ја намачкам на внатрешноста од мојата канта за ѓубре, надевајќи се дека мирисот ќе ги избрка ракуните. Тотално работи! Посакувам да можем да ѝ дадам 10 ѕвезди!

• Телевизор

Неисполнети ветувања

Го гледав „Twilight“ на телевизоров. Пак беше филмот ужасен.

• Ленти за депилација

Одлично. Сé работи перфектно! Јас не сум дома моментално, па го замолив сопругот да ги проба. Не е задоволен. Ама квалитетот е очигледен!

- Реклама -