Тимот на Лестер, по ремито со Челзи и официјално ја заокружи шампионската сезона и докажа дека тоа место му припаѓа само нему. Момците имаа брилијантна сезона. Тим кој не се повторува, енергија, хемија… Но, дали ќе ја освоеја титулата доколку во Лестер играа некои од овие 7 играчи кои ланскиот преоден рок беа на раб да се преселат во Лечестер?
Жордан Верету
Не е многу познат во Европа, колку во својата родна Франција. Сезоната 14/15 играше за Нант и на 36 натпревари постигна 7 гола и 7 асистенции. Раниери го забележа веднаш и сакаше да го доведе во Лестер. Верету пак, наместо во шампионскиот, заглави во клубот кој оваа година беше закован на дното на табелата.
Чарлс Арангуиз
Чилеанецот имаше неверојатна кариера во Университад де Чиле. Имаше 19 голови и 40 асистенции на 122 настапи. Лестер понуди 10 милиони, кои Чилеанците ги одбија. На крајот Леверкузен беше „среќникот“. За жал и тој се повреди на еден од тренинзите.
Ахмед Муса
Е Ахмед Муса беше најпосакуваниот играч на Раниери. Откако ЦСКА ја одби понудата од 15 милиони фунти, Лестер засили со 18 и пол милиони. ЦСКА не сакаше да го даде најдобриот напаѓач кој постигна 16 гола на 40 натпревари под 22 милиони. Сепак, сума која за Раниери беше многу голема.
М’Бае Нијанг
Беа очајни во нападот па бараа напаѓач по секоја цена. На Милан му понудија 12 милиони фунти за Нијанг, но Милан експресно ја одби нивната понуда. Се чинеше дека Милан направи добра одлука по трите голови на трите последователни натпревари, но за жал во февруари се повреди и од тогаш не заигра.
Чарли Остин
Имаше добра кариера во КПР, и во јануарскиот преоден рок Лестер беше во трка со „далеку посилниот“ Саутемптон, за тоа кој ќе го донесе во своите редови. Ај што згреши во изборот, а и не се ни поажа баш најдобро.
Едер
Имаше супер сезона во Сампдорија, 12 гола во 19 настапи. Раниери понуди 10 милиони по одбиените 8 мил. Сепак, Едер отиде во Интер каде на 13 натпревари постигна само еден гол и се закова на клупата.
Роналдињо
Замислете каква ќе беше приказната на Лестер и Роналдињо да беше дел од неа. Кога веќе сите го заборавија… Раниери тргна по поранешната мега-ѕвезда откако тој го напушти Флуминесе и беше слободен играч. За жал…